МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА ТРОИЦА
Слава Тебе, Боже наш, слава Тебе. Цару Небесен, Утешителу, Духу на висти­на­та, Кој си насекаде и сè исполнуваш, ризницо на добрини и делителу на жи­вотот, дојди и всели се во нас, и очисти нè од секаква нечистотија и спаси ги, Благи, душите наши! Свети Боже, свети Крепки, свети Бесмртни, помилуј нè! (Трипати) Слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, и секогаш, и во вечни векови! Амин!
Пресвета Троица, помилуј нè. Господи, очисти ги нашите гревови. Владико, прос­ти ги нашите беззаконија. Свети, посети ги и исцели ги нашите слабости, заради Тво­ето име. Господи, помилуј! (Трипати) Слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин. Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на зем­јата; лебот наш насушен дај ни го денес и прости ни ги долговите наши, како што и ние им ги проштаваме на нашите должници; и невоведувај нè во искушение, но избави нè од лукавиот, зашто Твое е царството, и сила­та, и славата на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.
Помилуј нè, Господи, помилуј нè, зашто ние грешните немаме никакво друго оправдување. Ти ја пренесуваме оваа утрин­ска молитва како на Владар. Ние во Тебе се надеваме; не биди гневен на нас, туку со своето милосрдие погледни и избави нè од нашите непријатели, зашто Ти си Бог наш, а ние сме Твои луѓе, сите сме дело на Твоите раце и го повикуваме Твоето име, сега, секо­гаш и во вечни векови. Амин.
Благословена Богородице отвори ни ги вратите на милосрдието, за да нè пропад­неме ние коишто се надеваме на Тебе, но со Тебе да се избавиме преку тебе од беди, зашто Ти си спасение на родот христијан­ски. Благословено да си Пресвето и неразде­ливо Тројство! Те славиме зашто постапуваш со нас по своето милосрдие. Господи, Ти си наш Господ! Колку е убаво Твоето име по целата земја! Слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, и секогаш, и во вечни векови! Амин.
Те сакам, Творецу мој, зашто ме сочува оваа ноќ; Тебе Ти ја посветувам својата работа, душата и телото Ти ги предавам. Ти благодарам за сите добрини, особено што оваа ноќ ме чуваше со милост. Нека денешниов ден биде сè во Твоја чест и слава, сè што ќе мислам и зборувам, сè што ќе рабо­там и страдам! Откако станавме од сон, Ти се поклону­ваме, Благи; ангелската песна Ти ја пееме, Силен: Свет, свет, свет си, Боже, по мо­литвите на Богородица, смилуј се на нас. Слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух; од постела и од сон ме дигна, Господи. Про­свети го мојот ум и срцето, и отвори ми ја устата, па да Те воспевам, Света Троице: Свет, свет, свет си, Боже, по молит­вите на Богородица, помилуј нè. И сега, секогаш и во вечни векови. Амин.
Ненадејно ќе дојде Судијата и делата на секо­го ќе се откријат, но со страв на полноќ ви­каме: Свет, свет, свет си, Боже, по мо­литвите на Богородица, помилуј нè!. Откако станав од сон, Ти благодарам, Света Троице, зашто поради Твојата голема добрина не се разгневи на мене мрзливиот и грешниот, ниту ме погуби заради моите без­законија, но се покажа, како и обично, човекољубив, и кога лежев без надеж, ме крена за да станам рано и да ја прославам Твојата сила. И сега просвети ми ги моите духовни очи, отвори ми ја устата, за да се поучувам со Твоите зборови, да ги раз­бирам Твоите заповеди, да ја извршувам Твојата волја, да Ти пеам со искрена пофал­ба и да го прославам Твоето пресвето име – на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, се­когаш и во вечни векови. Амин. 
МОЛИТВА ВО ЖИВОТНИ НЕПРИЛИКИ И НЕСРЕЌИ
Вечен, милосрден Боже и Оче! Знам дека без Твоја промисла ништо не може да се случи со мене. Чашата е во Твоите раце и Ти им даваш на сите луѓе да пијат од неа: само една љубов Ти ни јавуваш,дури и тогаш кога нè накажуваш. Ако Ти се веселеше на тоа да нè умртвуваш или да нè предаваш на осудување, Ти би имал најблиски начини за тоа; но кога Ти преку крстот, којшто го носиме по Христа, ги распнуваш нашите непријатели: светот и нашата повредена плот, тоа е за наша полза и победата ни станува толку многу полесна. што значи сето наше страдание пред горчината на вечната смрт, пред вечната адска мака, пред потполното отфрлање од Твоето лице, што сме го заслужиле со гревовите, коешто нашиот Искупител, Твојот возљубен Син, во Кого е сето Твое благоволение, го вкуси и почувствува за нас? Нашата жалост е само привремена, зашто има крај, и е лесна, зашто кога ја поднесуваме и трпиме, веруваме во Твоето присуство и во Твојата помош. О, Боже мој, дај ми да не гледам на видливото, туку на Твојата невидлива благодат, ветување, утеха и вечно спасение, што си го ветил на трпеливите до крај, та и јас преку тоа, со трпенеието да си ја спечалам душата, да не паѓам со духот во никакво страдание, туку утврден, закрепнат, непоколебив и приготвен од Тебе да можам дагипретрпам страданијата како добар војник Христов, да се подвизувам со добар подвиг, верата да ја запазам и на крај да го добијам венецот на славата, којшто им се дарува на победниците, преку нашиот Господ Исус Христос. Амин. 
МОЛИТВИ НА РОДИТЕЛИТЕ ЗА ДЕЦАТА
Господи Боже, Создателу на човекот и небесен Оче, Ти си го установил и благословил бракот кога си рекол: Раѓајте се и множете се и наполнете ја земјата. Ти си го благословил и нашиот брак и си ни дал чеда, за да ја засилиш радоста на нашиот дом. Нема крај на Твојата милост кон нас и ние, смирените Твои чеда, Ти благодариме од сè срце. Нашите деца се дар од Тебе, Господи, зашто Ти си наш небесен Отец. Од сè срце Те молиме да ги примиш нашите деца под Твојата моќна закрила и да им го вардиш духот и телото како Твое наследство. Дарувај им добро здравје, чувај ги од болести и од секаква несреќа. Поткрепувај ги да растат далеку од секакви страдања и да му се радуваат на животот. Дарувај им го особено Твојот свет благослов, за да бидат сочувани од искушенијата и стапиците на лошиот и лажен свет. Вдахни им го Твојот Свет Дух, та секогаш да ја извршуваат Твојата света волја и да се поучуваат во Твојот закон. Сочувај ги од грев, од лоши другари, од соблазителни книги и од сите гревовни искушенија. Дај им сили да растат во мудрост, да напредуваат во добродетелен живот, да не ослабува нивниот синовски страв пред Тебе и да ги слушаат нашите добри родителски совети и упатства; со внимание да ги слушаат сите поуки за извршување на Твојата света волја, да бидат предани и послушни чеда на Твојата Света Црква. Дај ни и нам, Господи, да бидеме, и со дела, и со зборови учители на вистината и доброто, да бидеме нивни учители на вистинската вера уште од најраните денови на нивното детство. Тебе Ти ги предаваме и на Твојата добрина и милосрдие, на Твојата крепка заштита и помош. Прими ги и нив, прими нè и нас да бидеме секогаш Твои и со благодарни срца непрестано да Те прославуваме, да ја прославуваме Твојата неизмерна добрина и Твојата спасителна промисла. Амин. 
Пресвета Богородице, под чија закрила ќе ги ставиме нашите деца, по Бога? Ти си силна Закрилница на христијаните и брза Помошница во секоја тешкотија, небеска Царице, под Твоја закрила прими ги нашите чеда и биди им Мајка, Мајко Божја. Чувај ги од секакво душевно и телесно зло. Моли го Твојот Син да го проживеат целиот свој живот во благодат и милост, да успеваат во секое добро и корисно дело и никогаш да не очајуваат кога врват по патот на вистинскиот и чесниот живот. И така, софалбени песни на благодарност секогаш ќе Те прославуваме, Небесна Закрилнице, и ќе ја воспеваме Пресветата и Сесилна Троица, Отецот, и Синот, и Светиот Дух. Амин. 
МОЛИТВА НА РОДИТЕЛИТЕ ЗА НИВНОТО БОЛНО ДЕТЕ
Милостив Спасителу, со Твојата божествена сила Ти ја воскресна ќерката на Јаира, го воскресна синот на вдовицата од градот Наин и го воскресна четиридневниот Лазар. Неискажлива е Твојата сила, зашто Ти си живот и со Твојата голема милост им даруваш живот на сите. Кон Тебе пристапиле со вера многу болни и немоќни и Ти на сите им го врати здравјето, и го обнови нивниот живот, за да ја прославуваат Твојата сила и Твојата бескрајна добрина. Господи, во Твое име и денес има безброј оздравувања, зашто Ти испраќаш сила одозгора, ги зацврстуваш ослабените врски на нашата природа, го враќаш телесното здравје и ги креваш болните од постелата на болеста и страданијата. Твојата милост се излива изобилно врз сите што веруваат во Тебе и се надеваат на Твојата божествена сила. Ете, и јас сега се придружувам кон ова множество, кое во сите векови со вера и надеж пристапувало кон Тебе и Ти се молам, Милостив Лекару, послушај го мојот молитвен глас, гласот на моето натажено срце, испрати му сила на моето болно дете да ја издржи болеста, дарувај му здравје и ослободи го од тешкото страдање. Сожали се на нас што страдаме, претвори ја нашата мака во радост. Верувам, Господи, во Твојата сила и се надевам потполно во Твоето човекољубие. Засили ја мојата вера и смилувај се на мене, дај му здравје на моето болно дете. На Тебе, Преблаг Исусе, Ти го предавам, помогни му, та секогаш да ѝ служи на Твојата света волја и да го прославува Твоето пресвето и спасоносноимезаеднососитенасшто Тисепоклонуваме Тебе, на Беспочетниот Твој Отец и на Пресветиот, Благиот и Животворен Твој Дух. Амин. 
Милостива Мајко, Пресвета Богородице, смилувај се на нас грешните и застапи се пред Твојот Син и наш Бог за нашето болно дете. Ти се молиме и паѓаме пред Тебе, Мајко Божја, зашто Ти знаеш што е мајчина мака. Смилувај се на нашата слабост и на маките на нашево дете. Коленичиме пред Тебе, Мајко на милоста, биди милостива кон нас! Моли му се на Твојот Син, на нашиот Бог Христос, да му даде здравје на нашето болно дете. Ако можеше да зборува и да се движи, тоа само ќе паднеше пред нозете на Спасителот, Кој ги благословувал децата и велел: Оставете ги децата да доаѓат кај Мене. О, Мајко на мајките, Мајко на сите христијани, Твоето срце е прободено со мечот на тагата, ослободи нè од нашата тага. Дај му спокој на нашиот ум и моли се за мир, здравје и спасение на целиот наш дом, та со благодарност да Те прославувам Тебе, Пречиста Богородице, и Твојот Преблаг Син во вечни векови. Амин. 
МОЛИТВИ ПРИ ПАТУВАЊЕ
Господи, Исусе Христе, Боже наш, Кој си дошол на земјата за да ни го покажеш патот на вистината и да нè воведеш во царството на Твојот небесен живот, благослови ме и биди со мене за сето време на моето патување. Твојата крепка и спасоносна рака да ми биде на помош за да можам радосен, со вера и надеж на Твојата љубов да стасам таму кајшто сум намислил. Ти се молам, преблаг Господи, да ми го испратиш Твојот ангелчувар.Тој да патува заедно со мене и да ме чува. Отстрани ги од мене сите пречки, несреќи и искушенија. Испрати ми добри другари, мирни среќавања, за да можам за сето време на моето патување и во целиот свој живот да Те прославувам Тебе, мојот Спасител и Бог. Амин.  
О, Пресвета Владичице моја, Дево Богородице, патоводителке, закрилнице и надеж на моето спасение, благослови ме да појдам на овој пат, Тебе Ти ги предавам, и мојатадуша, и моето тело. Им се доверувам на Твојата грижа и на Твојата сесилна помош. Од сè срце Те молам, милостива Мајко, води ме на овој пат, чувај ме од секаква несреќа и тага, од видливи и невидливи непријатели. Моли Го, Богородице, милостивиот Бог, Кој во старо време му го испратил ангелот Рафаил на својот слуга Товија да го чува по патот од секакво зло, и мене сега да ми испрати ангел учител и патоводител, за да ме чува при патувањето и да ме врати дома здрав и спокоен за слава на Неговото свето име. Јас ќе Го прославам во сите дни на својот живот, а Тебе ќе Те воспевам, Владичице, сега, секогаш и во вечни векови. Амин. 
МОЛИТВА ЗА СВОИТЕ РОДИТЕЛИ
Колку сум радосен, Господи, кога се обрнувам кон Тебе и Те молам за моите родители! Тие постојано се грижат за мене. Се трудат и со голема љубов настојуваат да ме сочуваат од несреќа, болест и од секое зло. Тие секогаш имаат желба да ми биде добро и сакаат да бидам здрав, да станам добар и умен човек. Награди ги, Господи, со Твојот благослов за сите добрини и за нивната љубов кон мене. Дај им здравје и успех, чувај ги од несреќа, помагај им преку целиот живот да бидат среќни. Не лишувај ги од Твојата помош и секогаш биди над нив. Помагај ми и мене да ги сакам, да им бидам послушен, да ги извршувам нивните добри совети, со ништо да не ги огорчувам и да им бидамутехаирадост.Ова ќе биде за нив најсаканата награда за сите нивни грижи, неспокојства и труд околу мене. Ти се молам од сè срце, дај им ја оваа награда. Послушај ја, Господи, мојата искрена молитва и исполни го нашиот дом со радост, зашто од Тебе чекаме секое добро и Тебе Те прославуваме како наш небесен Отец. Амин. 
МОЛИТВИ КОГА СМЕ ВО ДУШЕВНИ ТАГИ И НЕВОЛЈИ
Милосрден Боже, Којшто никого не го искушуваш повеќе од неговите сили и Којшто си ги впишал сите мои дни во Твојата книга, дај ми вистинско христијанско трпение, та преку него да се радувам, да се уподобувам на примерот на мојот Искупител, којшто преку страданијата влезе во славата. Научи ме да познавам што ми е потребно во светот, во кого началникот на темнината е бог, за да не вообразам во него спокојство и плотско веселие, туку да се научам во Христа и усрдно да се приготвувам за времето на злото што ќе се случи. Ти, мој Спасителу, веќе Си ме искупил од сегашниов лош век, Ти ќе ме извадиш на крајот од него своевремено, но, ако треба, според Твојата волја, сеуште да бидам во него, укрепи ме со Твоето сесилно Слово, без кое требаше да загинам во својата несреќа. Дај ми да размислувам дека вакви страданија, на кои сум подложен, трпат и многу мои браќа во светот, коишто Ти не си ги отфрлил, туку си ги удостоил да бидат Твои избрани сведоци. што е мојот живот во споредба со маките на светите маченици коишто не го штеделе својот живот само да одат по патот? Јас сеуште не сум се спротивставувал до крв во подвигот против гревот, затоа направи да не роптам со нетрпение против Тебе, туку да роптам против своите гревови, за коишто се потребни таквите постојани смиренија и наказанија за да бидат умртвени. Направи да гледам на Исуса, Началникот на верата, за да не паднам со духот. Освети го преку Него, Господи, моето страдание за да искусам преку светата помош утеха, сила и трпение во моето страдание, и дека и јас сум напишан на Твоите раце и дека не можеш да заборавиш на мене, како на Свое чедо. Амин. 
МОЛИТВА ЗА НАШИТЕ ПОКОЈНИ
Боже на духовите и на секоја плот, Којшто си ја урнал власта на смртта и владееш над живите и мртвите, извор на привремениот и на вечниот живот, Којшто не ги лишуваш од милоста ни живите ниту мртвите, Христе Спасителу, слушни го молитвениот плач на моето срце и помилуј ја според своето безгранично милосрдие, душата на преселениот од овај свет во невидливиот Твој слуга (или: слугинка) (името), за кого (за која) да се молам ме поттикнува љубовта и благодарноста за она што ми направиле во во нивниот живот. Помилуј го (ја), зашто заспа во смртниот сон со спасителна вера во Тебе и надеж во вечниот живот, помилуј го поради раните и страданијата што Си ги претрпел за сиот човечки род, поради крвта пролеана и поради Твоето понижување… Ти си вечна љубов и благост, Ти си Спасител на човечкиот род и си ветил дека ќе исполниш сè што ќе побараме со вера. Со оваа надеж и јас, грешник недостоен за Твое помилување, се осудувам да Те молам, се осмелувам од длабочината на својата душа да викам кон Тебе. Сожали се, Господи, и помилуј го починатиот во смртен сон Твој слуга (слугинка). Можеби и поради моја вина сеуште не стигнал до вечното пристаниште на блажените. Можеби поради моите гревови го отфрлаш од Твоето лице и учеството во нив овде на земјава. Поради Твојата благост и крстните страданија, не земај му ги во предвид тие гревови. Помилуј го, ако по немоќта на грешната природа се отклонил од Твоите патишта и блудел по стрмината на порокот, вовлечен од соблазните на светот. Искупи ги со Твојата крв неговите заблуди и слабости, не споменувај ги гревовите, заборави му ги беззаконијата, награди му ги добродетелите, не оставај ја без возврат ни најмалата усилба да Ти благоугоди. Врачунај му ги, место дела, неговите добри намери през животот, згасни му ја жедта за соединување со Тебе, засити му ја гладта за Твојата правда од плодовите на Твојот дом. Збогати му ја неговата беда од сокровиштата на твоите заслуги. Покриј му ја голотијата со облеката на Твоето оправдание. Овенчај ја неговата желба да се насладува со гледањето на Твоето лице и воведи го во Твоето вечно царство. Оче на Господа наш Исуса Христа, Оче на штедростите и на секое милосрдие! Прими ја за задоволување на Твоето правосудие на починатиот од времениов живот со надежта на Твоето милосрдие, жртвата на Твојот единороден Син, човечкиот Спасител. Послушај ги молитвите и прозбите на светата Црква стекната со неговата крв. Прими ја за негово очистување бескрвната умилостителна жртва, принесувана од Црквата врз олтарите подигнати во слава на Твоето име. Единосуштен на Отецот и Синот, Сесвети Душе, изгори ја со Твојата љубов греовната мртвост на починатиот, отстрани од него секој квасец на земните склоности и навики, разреши го од греовните врвки, очисти го од секоја нечистотија на беззаконието, оживотвори ја наговата смртност со надежта на вечното милосрдие, освежи го со росата на Твојата милост жешкиот пламен на застарените навики, растерај го стравот и ужасите што го збунуваат, смири ги лутите грижи на совеста, утеши го соТвојата благост, и избави го од власта на адот, за да не го проголта преисподната бездна, да не го потопи и не го проголта геената во неизгасливиот оган. Најмилосрден троичен Боже, упокој ја душата на починатиот во смртниот сон со вера и надеж на Твоето безгранично милосрдие. Направи го учесник на вечното блаженство, упокој го во небеското семејство, кајшто нема тага, солзи, воздишки, за да го опфати радост и вечна веселост. Отвори му ја рајската врата, присоедини го во соборот на Твоите избрани, вдвори го во Твоите светии, да ја види Твојата вечна светлина, да се насладува од гледањето на Твоето лице. Исполни ја врз него Својата милост, јави му го Твојот благослов, та помилван да ја измолува твојата благост и за мое помилување, за и јас да бидам придружен со него во Твоето царство каде што нема тага, ни болест, ни солзи, за и јас да го прославам Твоето безгранично милосрдие, Оче, Сине и Свети Душе. Амин. 
МОЛИТВИ ВО ГОЛЕМИ СТРАДАНИЈА И МАКИ
1
Праведен Боже, долготрпелив и многумилостив! Признавам дека Ти Си ми ги наметнал и Си ми ги испратил овие страданија од љубов, а не поради омраза, зашто оние кои ги љубиш ги накажуваш и го биеш секој син што го примаш. Ти рануваш и гипреврзуваш раните; Ти истоштуваш и Твојата рака исцелува; Ти умртвуваш и оживуваш, смируваш и воздигнуваш, фрлаш во пеколот и вадиш од таму! Ти чудесно ги водиш Своите светии! Ако сакаш да оживиш, пред тоа умртвуваш; ако сакаш да прославиш, претходно смируваш; ако сакаш да зарадуваш, претходно огорчуваш; Ти ги накажуваш Своите, но на смрт не ги предаваш! Ти, Оче, си Го поставил пред мене како огледало на трпението Твојот возљубен Син и си ми заповедал да одам по неговите стапки. Јас, бедниот слуга, не сум подобар од мојот Господ. Тој преку страданијата влезе во Својата слава: дај ми да го следам и по тесниот пат да влезам во Божјото царство! Дај ми помисла, дека сите коишто ќе сакаат да живеат благочестиво во Христа Исуса, ќе бидат прогонувани. Направи со трпение да го поднесувам Твоето наказание, зашто преку него Ти постапуваш како таткото со своите деца. Оче! Колку малку е способен мојот разум да се покорува на Твоето раководство, та да сум трпелив во жалостите и да се радувам на надежта, спомнувајќи си дека го носам Христовото бреме, коешто би требало да го носам доброволно и со радост, а не со принуда! Секое наказание во сегашно време ми изгледа како жалост, а не радост, но притоа потоа произведува мирен плод на правдата за оние коишто преку него се поучиле. Затоа дај ми трпение, себлаг Оче! Не дозволувај им на искушенијата да го оттргнат Твоето слово од моето срце, да ми ја ослабат верата, да ја задушат молитвата, да возбудат нетрпение и тревога во моето срце! Направи да не роптам против Тебе. Не ставај врз мене, милосрден Боже, жестоки страданија; спомни Си дека сум прав и пепел, дека мојата сила не е од камен и дека мојата плот не е железо. Господи Исусе Христе, верен Првосвештенику! Ти си бил искушуван во сè во што и ние сме искушувани и затоа, се разбира, Ти имаш сочувство кон мојата слабост. Стори сега и јас да најдам благодат и милосрдие за благовремена помош! Поткрепи ги моите ослабнати раце и утврди ги колената што се наведнуваат, за да не се поколебам! Само Ти си сила за уморените, јакост за слабите, сенка во горештините и засолниште во бурите. А, бидејќи таква е Твојата волја, за кратковреме овде јас да пострадам и да минам во жал, дарувај ми трпение и укрепи ме да победам секое зло, што, по Твое допуштение, би ми го направиле светот и сатаната! Направијассобезмолвиеи надеж да се укрепувам за добивање помош и да ја соединувам верата со добродетелта, со доброделта трпението, со трпението благочестието, и мојата испитана вера да се јави поскапоцена од минливото, дури ако е и со оган испитано, злато. О, Боже, Свети Душе, сладок елеју на радоста! Израдувај ми го срцето и направи со вера да гледам на идната слава, во споредба со која ништожни се сегашниве привремени страданија. Ти си Дух на славата, Којшто почива врз сите прогонувани и презрени. Ти ќе ја преобратиш мојата жалост во радост, страданијата во чест, понижението во слава. Јас верувам во тоа и помогни ми да го постигнам за вечноста. Амин.
2
Кон Господа: Вечен и Милосрден Боже и многумилостив Оче наш, маките и тешките неволји што ме снашле страшно ја измачуваат мојата душа. Но Тебе така Ти било угодно, затоа јас сè доброволно поднесувам. Сите мои телесни страдања и душевни маки ги трпам и поднесувам како отплата за моите гревови, а за мое спасение. Те молам, милостив Боже, дај ми трпение и сила, та да поднесувам сè онака, како што тебе Ти е угодно и да се спасам. Амин.
Кон Пресвета Богородица: Пресвета Дево, Мајко на Севишниот Господ, Семилостива Заштитнице и Покровителке на сите што со вера Ти пристапуваат, погледни на мене од височината на Твојата небеска слава, послушај ја мојата смирена молитва и принеси Му ја на Твојот сакан Син. О, Преблагословена Богородице, Ти си скоропослушница на сите и радост на наскрбените; послушај ме мене нажалениот. Ти ги смируваш тагите, смири ги и моите жалови и излекувај ги моите душевни и телесни болести. На Тебе, после Бога, ја полагам секоја моја надеж, биди ми Закрилница и силна Застапница пред Твојот Син, Господ наш Исус Христос. Засили ја мојата вера во Него. Утврди ме во Неговата љубов и научи ме да Те сакам и да Те прославувам, Пречиста Мајко Божја, Богородице Маријо. Се засолнувам под Твојот свет покров, Пречиста Богородице, закрилувај ме. Амин.
3
Ти благодарам Тебе, Оче на милосрдието и Боже на секоја утеха, што никогаш не ги оставаш оние кои страдаат без посетување и утеха. Ти ги накажуваш, но на смрт не ги предаваш – Ти си нивни Спасител! Ти ги водиш во пустина, но и им зборуваш според нивното срце. Таа утеха, о Господи, запечати ја во моето срце и јави ја вистинска над мене кога неволјата е близу, а помошник нема. Биди ми моја светлина кога седам во темница; направи сознанието на моите гревови и тоа што тие го залужуваат да создава во меневистинско смирение и трпение. Укрепи ја во мене верата кога ќе наиде неволјата, како на Јакова, и јас да не Те пуштам додека не ме благословиш! Направи во страданијата да не бегам од Тебе, о Пастиру мој, туку бодроста да се наголеми и да станам поусрден во молитвата и пофалбата на Тебе. Отвори ми го умот за да го разбирам Писмото, за да се поучувам од него на Твоите патишта и во срдечно безмолвие потполно и сосема да Ти се прададам Тебе, преку Твојот Син и нашиот Господ Исус Христос. Амин. 
МОЛИТВА ЗА ОНИЕ КОИШТО НИ СЕ СПРОТИВСТАВУВААТ И НЕ МРАЗАТ
Благ Боже, Ти заповеда да ги сакаме сите луѓе, дури и оние кои ни се спротивставуваат. Твојата нова заповед на љубовта да ја исполнуваме така што на лошото да враќаме со добро и да го носиме бремето еден со друг. Преку Христос нашиот Господ. Амин!  
Господи Исусе Христе, Ти им прости на Твоите непријатели, зашто не знаеја што прават. Ти се молам од сè срце, биди милостив и кон оние што ме мразат, што ме навредуваат, хулат и клеветат. Ти ја испитуваш длабочината на човечкото срце и знаеш дека сум немоќен и грешен. Поткрепи ме да го очистам моето срце, да ги умножам делата на љубовта кон моите блиски и да не ги огорчувам со ништо. По Твојата голема милост прости им на моите непријатели; вразуми ги, просвети ги со Твојата вистина, за да не се ожесточуваат против мене и да не бидат казнети заради мене. Добро ми е кога сум во Твојата рака. Ти се молам, недозволувај да ме победи злото, не дозволувај да загине ниту еден од моите непријатели, но сите да се обрнеме кон Тебе, кон Твојот мир и да бидеме Твои верни чеда, зашто Ти си Единствен Благословен во вечни векови. Амин. 
МОЛИТВА ВО ГРИЖИ ЗА ЧЕДАТА
Боже, Оче, Создателу и Чувару на сите твари! Облагодети ги моите чеда со Твојот Свет Дух, Тој да разгори во нив вистински страв Божји, којшто е почеток на премудроста и благоразумието, зашто којшто постапува според нив, неговата пофалба ќе биде вечна. Направи ги блажени со вистинското познание Твое, варди ги од секаква лажна наука, направи ги да порастат во вистински спасителната вера и во секое благочестие, во што да опстојат постојано до крајот. Дај им верно, послушно, смирено срце, мудрост и разум, та да растат во годините и во благодатта пред Бога и пред луѓето. Засади им во срцата љубов кон Твоето божествено слово да бидат благопријатни во молитва и богослужение, со почит кон служителите на Словото и секогаш искрени во постапките, срамежливи во телесните движења, целомудрени во карактерите, вистинити во душите, верни во делата, прилежни во занимањата, чесни во исполнувањето на долгот и должностите, разумни и праведни во сè, кротки и благопријатни кон сите луѓе. Доварди ги од сите соблазненија на злобниот свет и да не ги разврати лошото друштво. Не допуштај да паднат во нечистотија и нецеломудрие, сами да не си го оштетуваат животот и никого да не нажалостуваат. Биди им заштита во секоја опасност, да не доживеат ненадејна погибел. Направи ги во нив да не го видиме своето обесчестуавање и посрамување, туку својата чест и радост; преку нив да се умножува Твоето царство и да се зголемува бројот на верните; да се најдат тие на небото околу Твојата трпеза, како небески маслинести гранчиња и со сите избрани да Ти оддаваат чест,пофалба и прославување, преку нашиот Господ Исус Христос. Амин. 
МОЛИТВА ВО ВРЕМЕ НА ЕПИДЕМИЈА, НА СМРТОНОСНА БОЛЕСТ
Господи, Боже наш, погледни од Својата света висина врз нас Твоите грешни и недостојни слуги, коишто со нашите беззаконија ја разгневивме Твојата добросрдечност, не влегувај во суд со Твоите раби, сопри го Твојот праведен гнев, смиро го Твоето погубно негодување, сопри го Својот страшен меч, којшто невидливо и безмерно нè посекува, сожали ги горките и бедни Твои раби и не затворај ги во смрт нашите души, коишто во покајание и со скрушено срце припаѓаат кон Тебе, милосрдниот, милостивиот и снисходителниот наш Бог. Зашто во Твоја власт е да нè милуваш и спасуваш, Боже наш, и затоа ние Те прославуваме, Тебе, Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин. 
МОЛИТВА ЗА БОЛНИ КОН ГОСПОДА
Господи, Исусе Христе, Спасителу наш, Ти слезе на земјата од преголема љубов за да ги спасиш грешниците; Ти со Твојата милостива рака ги излекува болестите и слабостите на сите што ја побараа Твојата помош, им го врати здравјето и им подари нов живот. Премилостив наш Господи, преголемо е Твоето човекољубие. Затоа го упатувам моето срце кон Тебе и со смирение Ти се молам да ми помогнеш и да ми го вратиш здравјето. Знам, Господи, дека не секогаш сум Ти бил благодарен за тоа. Често сум Те заборавал и сум бил негрижлив за овој преголем Твој дар. Не гледај, Господи, на мојата неразумност. Умножи ја Твојата добринаинепо заслуга, ами поради милост, крени ме од постелата на страдањето и маката, а јас ќе ја прославувам Твојата чудна сила и ќе го прославувам Твојот свет закон во сите денови на мојот живот. Помогни ми да ги истрпам болките, смилувај се спрема мене немоќниот, не дозволувај моето срце да се огорчи или во мојата душа да се всели смут или бунтување. Дојди, Господи, кај мене, угаси го огнот што ме измачува, а јас ќе појдам по Тебе и ќе бидам жив сега и во вечноста. Амин.   
МОЛИТВА КОН СВЕТИТЕ БЕСРЕБРЕНИЦИ КУЗМАН И ДАМЈАН
Тешко страдам од мојата болест и доаѓам кај вас, свети чудотворци и целители, Кузмане и Дамјане, зашто вие сте проповедале дека душевната болест е потешка од која и да било немоќ и дека душата боледува поради гревовите, а кога душата е болна, тогаш и телото тешко боледува. Знам дека болестите го чистат човекот од неговите гревови. Ви се молам, свети чудотворци, помолете Го Господа да ми подари опростување на моите согрешенија. Јас сум слаб и беспомошен, силите мои исчезнале од болеста и затоа молам да не паднам во очајание и да не загинам. Побрзајте да ми помогнете, свети исцелители; ветувам дека, кога ќе оздравам, ќе живеам во покајание и ќе го завршам мојот живот во мир. Ви се молам, помолете Го Господа во судниот ден да застанам неосудено пред лицето на страшниот Судија на вселената, Кој ги познава тајните на човечките души. Нему да Му е слава, сега, секогаш и во вечни векови. Амин. 
МОЛИТВА КОН СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ – ИСЦЕЛИТЕЛ
Угодниче на живиот Бог, Свети Науме Чудотворче, Ти си го исполнил законот на Бога и Спасителот наш Исуса Христа и си добил од Него живот вечен, Тебе со љубов Ти се поклонуваме и Тебе смирено Ти благодариме за премногуте Твои чудотворства, со кои си им помагал на немоќните луѓе и си го прославил името на Господа и Спасителот свој. Верен слуго Божји, Тебе Ти се даде благодат на Светиот Дух Божји: демони да изгонуваш, болни да лекуваш, слаби да подигнуваш, натажените да ги утешуваш и на луѓето да им помогнуваш во сите неволји. Заради тоа ние, иако недостојни, Те почитуваме Тебе како духовна харфа преку која се излива и утеха небеска на ониенакои им е потребна, и восхитено Го величаме Создателот Кој Тебе, иако си човек, Ти дарувал таква Божја сила и богатство. И сега, праведниче и пријателе на ангелите, преподобен оче наш Науме, пред Тебе ничкум паѓаме и со покајание и умилно Ти се молиме: не престанувај да се молиш пред престолот на Пресветата, Едносуштна и Неразделна Троица за сиот православен род христијански, за праведните и грешните, за сите кои се на власт, за сите кои се во неволји и маки, за епископите, свештениците, ѓаконите и монасите, за основателите и приложниците на твојот свет манастир, за оние што доаѓаат и се поклонуваат на твоите свети и сечесни мошти, за сите православни кои Ти се молат, за болните и за оние што умираат со вера, за старите и младите, за девојките и мајките, за заробениците и за нивно спасение и за сиот православен наш народ. Светителу оче наш Науме, покриј ги нашите слабости и излекувај ги нашите болки со Твоите молитви. Сега уште Ти се молиме и за слугата Божји (се кажува името), кој страда од слабост и тешка болест. Ако е врзан поради свој грев или грев на неговите родители, или грев на роднините свои, и ако поради гревго снајде оваа болест, Ти посредувај, о ангелоподобен светителу, пред престолот на Господа, Кој Те прославил да му го прости гревот и од болеста да го исцели. Ако, пак, оваа болест е по Божјо допуштение, според светата реч Божја: Кого Господ го љуби, него и Го кара, го бие секој син кого го прима, тогаш Ти умилно моли Го Семилостивиот и Сежалостивиот Бог да се смилува на овој слуга Свој и да не допушти натчовечки страдања: зашто луѓето се тело и ништожни, и ние не можеме да совладаме ниедно страдање без благодатта Божја што нè окрепува. Светителу, оче наш Науме, слушни нè брзо и исцели го слугата Божји (се кажува името) со Твоите свети молитви, за да не речат неверниците: Каде е неговиот Бог. О, свети и преподобен оче Науме, покажи ја силата што Ти е дадена од Семоќниот Бог Господ и на овој слуга, како што си ја покажувал и досега на безброј болни и слаби и на оние кои со вера и покајание и молитви доаѓаат на Твојот чесен гроб. Исцели му ја и оздрави му ја душата и телото, изгони го и исфрли го од него пакосникот на човечките тела – ѓаволот, закрепи го неговото тело со здравје и сила, за да има во што да се подвизава и кае неговата душа и да се подготвува за Царството небеско; отерај ја од него предвремената смрт, за да му угодува на Бога со добри дела и да најде милост пред Бога на страшниот суд Божји. Помоли се, о преславен Науме Чудотворче, за својот слуга, Господ да му ги прости сите гревови волни и неволни и да го очисти со својот Свет Дух од секаква нечистотија со Твоите свети молитви, оче Науме, за и тој да ја прослави Светата Троица, Која Тебе Те прославила, Отецот, Синот и Светиот Дух, сега и секогаш во сите векови. Амин! 
МОЛИТВИ ЗА ТРПЕНИЕ КОГА СМЕ БОЛНИ
1
Господи, моите телесни сили се скршени. Ти се молам, помилуј ме, да не ослаби и мојот дух. Честопати телесната болест е здравје за душата, зашто кога сме болни, подобро ја сознаваме нашата душевна состојба, се учиме да трпиме и си споменуваме дека сè што е земно е измамливо и е ништожно само по себе, а над сè друго е Твојата света волја. Ти се молам, предобар Господи и небесен Оче, како што си бил со мене кога сум бил здрав и радосен, биди со мене и сега кога сум болен и тажен. Утешувај ме, крепи ме, давај ми сила за да можам да Ти угодам и да се спасам, помогни ми трпеливо да ги поднесам сите маки. Дај ми оваа болест да ме доведе до сознание дека не само кога сум здрав, туку и кога сум болен и страдам, не треба да Те нажалувам, а да Те сакам; Боже, пак Ти се молам, поткрепи ме да бидам трпелив, да живеам со Тебе и вистински да се радувам на животот и сега кога сум болен, оваа болест да ми послужи за придобивање на вечен живот. Амин.
2
Владико Седржителу, свети Цару, Којшто накажуваш, но не умртвуваш, Којшто ги поткрепуваш тие коишто паѓаат ниско, ги изведуваш пропаднатите и ги исправуваш телесните неволји на луѓето. Ти се молам, Боже наш, посети го со Твојата милост Твојот слуга (или: Твојата слугинка) (името), којшто (којашто) боледува и прости му (ѝ) ги сите намерни и ненамерни гревови. О, Господи, испрати ја од небото Својата целителна сила, допри се до неговото (нејзиното) тело и угасни го огнот, соприго страданието и секоја болест што се крие во него (неа) и биди му (ѝ) лекар на твојот слуга (слугинка), подигни го (ја) од болничката постела и исправи го (ја) цел (цела) од леглото на злостраданието и подари му (ѝго (ја) на Твојата света Црква да Ти благоугодува и да ја исполнува Твојата света волја. Зашто во Твоја власт е да милуваш и спасуваш, Боже наш и затоа Те прославуваме Тебе, Отецот, Синот и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.
3
Господи, сакам да оздравам. Ти ги понесе нашите болести. Земи ги сите мои сили во Својата рака и исцели ме. Ти си мир, а јас сум немирен и полн со страв. Ти ги зеде моите гревови врз себе. Дојди, и дај ми го Твојот мир. Од длабочината на мојата душа викам кон Тебе, Господи, слушни го мојот глас и помогни ми, зашто викам од неволјата и стравот. Ти се молам за Твојата близина и помош. Ти се молам да направиш чудо на моето тело и душа и да ги исцелиш. Не ги познавам Твоите мисли, не знам зошто сум болен, само сум убеден дека тоа е Твоја волја. Бев здрав и се потпирав на својата сила. Сега други се грижат за мене. Тоа е Твоја волја и би сакал тоа да го научам. Живеев меѓу здравите и не ги забележував болните. Сега гледам околу себе море страдалници, дај ми очи за сите што трпат со мене. Мислев дека мојот живот ќе продолжи без крај, но овој час ме приближува кон мојот крај. Спреми ме за часот на мојата смрт. Секогаш работав, и никогаш немав време. Сега времето ми минува бескорисно. Во сето тоа ја гледам Твојата волја. Зад себе оставив многу неред, многу кавги, многу нељубезности и суровости на срцето. Прости ми го мојот долг и дај ми време и јас на сите да им простам. Оздрави ме, Господи, на телото и душата и дај ми пак да започнам здрав, на оваа земја или, ако е Твоја волја, во вечниот живот. Се предавам на Твојата волја. Тебе сакам да Те најдам, Тебе да Те примам, Тебе да Ти багодарам и да Те славам секогаш. Амин. 
БЛАГОДАРНИ МОЛИТВИ ЗА СЕКОЈ БОЖЈИ ДАР
1
Господи Исусе Христе, Боже наш, Боже на секое милосрдие и добрини! Твојата милост е безгранична а човекољубието неизмерно. Со благовение и љубов, како недостојни слуги, смирено Ти принесуваме благодарност, Тебе добросрдечниот, за добрините што ни ги правиш. Те славиме, Те воспеваме и Те величиме како наш Господ, Владика и добротвор и, коленичејќи пред Тебе, Ти благодарам за Твоето безмерно и неискажливо милосрдие. Смирено Ти се молам милосрден Господи, како што сега благоволи да ги исполниш молбите на нас Тоитераби,такаи понатака сподоби нè да ги добиваме сите Твои дарови, да преуспеваме во љубовта кон Тебе, кон ближните и кон секоја добродетел. Избавувај ја, милостив Боже, Твојата света Црква од секое зло, и откако ќе ни даруваш мир и спокој, удостој нè да Ти принесуваме благодарност, Тебе, на Твојот беспочетен Отец и на пресветиот, балагиот и живототворен Твој Дух – Бога прославуван во едно суштество, секогаш да зборувам за твоите големи добрини и да те воспеваме. Слава Ти Тебе, наш благодателу, во век и веков! Амин!
2
Ние, Твоите недостојни слуги, Господи, откако незаслужено примивме милости и дарови од Тебе, се преисполнивме со благодарност за Твоите добрини спрема нас. Затоа, Владико, притекнуваме кон Тебе и Ти ја принесуваме нашата благодарност од срце. Кога Те прославуваме, ние Те фалиме, Ти благодариме и ја величиме Твојата доброта и со љубов Ти викаме: Слава Ти, Семилостив Благодателу и Спасителу Боже наш во век и веков! Амин!
3
Оче семоќен и предвечен Боже, од Кого доаѓа секој дар и секое благо! Ти благодарам за сите Твои дарови, коишто изобилно си ги излил врз мене грешниот и недостоен Твој слуга, и усрдно Ти се молам: Како што сега ја послуша мојата молитва и го покажа Твоето човекољубие, така и секогаш исполнувај ми ги моите добри желби и јавувај ми ја Твојата богата милост. Зашто Ти си милосрден и човекољубив Бог, и затоа слава Ти оддаваме, Тебе, на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин!
4
Господи Боже, Создателу на луѓето, Те љубиме поради Твојата слава и Твоето милосрдие. Страв ни е што сме толку мали, а Ти си толку голем. Без помош сме, но Ти си јак. Ја гледаме пред себе си опасноста и смртта, но Ти си животот. Ти сакаш да ни го дадешсè она што си Ти Самиот, толку колку што може да прими нашето срце. Затоа не сме мали, зашто сме Твои созданија и Твои деца. Живеаме без страв, зашто во Тебе е нашата сила. Вечни сме, зашто Ти ни даваш вечност. Велик си, а нам ни даваш да бидеме соучесници на Твојата величина. Господи, Боже, Ти се поклонуваме на Твојата љубов. Не поради тоа што си силен за да нè сотреш, туку затоа што си прекрасен за да можеме да исчезнаме пред Тебе, ниту што си толку блескав што ни ги заслепуваш очите, туку затоа што Твојата љубов е толку голема што нè просветува и ослободува. Достоен си, Господи, на Својата чест и моќ. Ти си светло, затоа ние светло ќе гледаме. Ти си сила, затоа и ние ќе имаме сила. Ти си верност, затоа нема да исчезнаме туку ќе останаме. Ти си љубов, затоа ќе можеме да даруваме љубов. Ти од вечноста си пред нас, затоа нема да лутаме, туку ќе го про пронаоѓаме својот пат. Те љубиме, Господи Боже. На Твојата љубов се поклонуваме.   
МОЛИТВА ЗА МИР ВО БРАКОТ
Господи Боже, Ти го освети нашиот брак за чистота. Ти нè благослови да живееме во мир, едномисленост, во чистота и во взаемна љубов, преку врските на мирот да бидеме едно тело. Но, Пречист Владико, поради ѓаволски искушенија и заради нашите човечки слабости, нашиот брачен живот се растројува. Благословот на мирот и едномис­леноста, што го исполнува со радост нашиот брачен живот, ги нема веќе со нас. Загрижувачки сенки на нечистота паѓаат врз нашите взаемни односи, исчезнува љубовта што нè врзуваше. Непријателот на човечката среќа и неговото спасение жестоко ја напаѓа нашата домашна црква. Затоа, Господи Боже, со милозливо срце коленичам пред Твоето величие и се молам на Твојата благост – врати ни го мирот, врати ни ги едномисле­носта и разбирањето. Сврти го расејаното и помрачено срце на мојот сопруг (сопруга) кон Твојата волја, кон бракот од Тебе бла­гословен, отстрани ја новата (нејзината) мисла, отстрани ги желбите на неговото (нејзиното) срце од нечистотии и од опас­ниот пат и приврзи го кон неговите чеда, за да царува радоста во нашиот дом и да се слави Твојата сила и добрина. Ти си секогаш брз закрилник кога сме во мака. Амин. 
МОЛИТВА КОН СВЕТИТЕЛОТ ЧИЕ ИМЕ ГО НОСИМЕ
Свети (името), мој закрилник и заштиттник пред Бога во сите дни на мојот живот. Го носам Твоето име, но животот мој не е сообразен со Твојот свет живот, зашто многупати сум ја осквернавил мојата душа. Ти се молам, закрилувај ме, помагај ми, води ме со Твојата сила. Секогаш застапувај се за мене пред благиот Бог и моли Го да ми ја даде Својата благодат и да биде милостив кон мене, да ми помага да бидам сочуван од лоши мисли, желби и дела, мојот живот да биде светол и радосен како што прилега на секое Христово чедо. Не дозволувај да се до­ближи до мене никакво зло, поткрепувај ме кога сум слаб, биди ми покровител кога лоши сили ме напаѓаат, помагај ми во до­брото, засилувај ми ја верата и покажувај ми го патот на спасението. Само така срцето ќе биде поткрепувано и достојно ќе го носам Твоето име и името на мојот Спасител, Господ Исус Христос, а преку тоа ќе го прославам меѓу моите браќа и Отецот, Кој е на небесата. 
МОЛИТВИ НА РОДЕНДЕН И ИМЕНДЕН
Ти благодарам, вечен Боже, Создателу на секоја твар и на времето, што ме удостои со Твојата милост да доживеам до овој ден, со кој започнува Новата година на мојот живот. Срцето ми е исполнето со синовска благо­дарност кон Тебе за сè што си направил за мене недостојниот. Во Твоите раце е времето, Ти го даруваш на секое разумно создание по Твојата голема милост и по Твојата спа­соносна промисла. Но јас, Господи и Владико на мојот живот, многу често заборавам дека дарот на времето доаѓа од Тебе, за да ја извршувам Твојата волја во сите денови на мојот живот, да ја исполнам целта што си ми ја поставил како на човек, да дадам плодови на покајание и со страв да се удостојам за спасение. И овој дар, како и многу други Твои добри дарови, неразумно сум ги упропастил, предавајќи се на суетни грижи и задоволства што водат во пропаст, предавајќи се на мрзливост за извршување на доброто, за сè она што води кон спасение. Благодетелу мој, Твоето човекољубие ебез­гранично. Не лишувај ме од Твојата прего­лема добрина, продолжи ги деновите на мо­јот живот, сочувај ме здрав, моите трудови благослови ги со успех, дарувај ми сè што е нужно за задоволување на моите потреби, а пред сè, очисти ја мојата совест и поткрепу­вај го моето срце со вера во Тебе, та да одам по патот на спасението и кога ќе биде Тво­јата волја, да преминам од овој привремен живот во вечниот како наследник на Твоето царство. Господи, Ти си рекол: Ако некој не се роди одозгора, не може да го види Царството Божјо. На денешниов мој ро­денден по тело, Спасителу мој, Ти се молам да ги благословиш сите дни што ми останале и да ме удостоиш да бидам придружен кон родените одозгора со Твојот Свет и Божествен Дух. Амин.  
Господи, Боже мој, уште од детството почива врз мене Твојата добрина, зашто Ти ме удостои милостиво со Твоето свето крштавање, со кое ме очисти од првородниот грев и ме облече во облека на невиност, ме направи свое чедо и чесен член на Твојата Света Православна Црква. Ти ми го покажа патот на спасението, ме удостои со прего­лема чест да го носам пресветото име на Го­спода и Спасителот наш, Исус Христос. Ти благодарам од сè срце за ова, зашто сознавам дека со ништо не сум го заслужил тоа големо благоволение. Паѓам пред големината на Твојата бескрајна добрина со милозливо срце. Ти се молам – не дозволувај ми да се оддалечам од Тебе, да го помрачам Твојот образ во својата душа, да се вратам кон гревот што сум го отфрлил, та да му служам со мисли, зборови и дела на лошиот дух, кој сака да ме улови во својата стапица. Засили ја мојата вера, очисти ја мојата душа, за да бидам живеалиште на Твојот Пресвет Дух. Јас, недостојниот и слабиот, свесно ги повторувам ветувањата што при светото крштавање свесно ги дал место мене мојот кум. Се откажувам од богоспротивниот свет и ветувам дека ќе Ти служам во сите дни на мојот живот, ќе Те сакам повеќе од сè, повеќе од самиот себе. ќе ја чувам Твојата вистина и на Твојата Црква ќе ѝ бидам верен и предан до крајот на мојот земен живот. Тврдо сум решен да одам по овој пат, но Ти, небесен Оче мој, ја знаеш мојата слабост, ја гледаш мојата немоќ. Ти семолам, закрепи ја мо­јата волја и дај ми сила, за да го исполнам моето ветување што го правам смирено денес пред Тебе, та да можам да го прославам Твоето име – на Оте­цот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин. 
МОЛИТВИ ЗА БЛАГОСЛОВ И МИР НА ДОМОТ
Семилостив Боже, благослови го нашиот дом и Твојата силна рака да биде над сите што живеат во него. Испрати ни ангел чувар! Чувај нè од несреќи, земјотреси, оган, поплави, од болести, од непријателски на­пади и од секое зло. Не дозволувај во нашиот дом да влезе лукав и нечист дух, што сè осквернавува и ги расипува добрите взаемни односи, кој внесува непокорност и без­грижност кон Твојот свет закон, внесува раздори и кавги и ги одзема мирот и љубовта. Помогни ни да напредуваме во добродетелен живот и тврда вера, нашите души да се при­ближат со чист и светол живот до Тебе, та да дојдеш Ти, Господи, кај нас и да живееш во нашиот дом, да царуваш во него, во нашите души и срца – да владееш со нашите мисли, чувства и желби. Ослободи нè од непотребни грижи и освети ги нашите радости. Поткре­пувај нè кога сме слаби и тажни. Ако си со нас во тешките часови на тага и мака, на колебливост и исплашеност, тогаш нашите страданија и солзи се полесни, поподнос­ливи. Исцели ги нашите болки идушевни рани, зашто само Ти ги гледаш и само Ти можеш да ни помогнеш. Преблаг Го­споди, не оставај нè никогаш сами, за да не дојде кај нас непријателот на нашето спасение и да нè погуби.  
Боже на љубовта, Боже на мирот и дол­готрпението, помогни ни да живееме во овој дом секогаш во мир, во слога и љубов. Заси­лувај го нашето трпение, зашто Ти,Го­споди, си долготрпелив кон нас грешниците. Скротувај нè со благост кога сме гневни, не дозволувај му на злото да влезе длабоко во нас, да ги помрачи нашите души и да нè раздели. Ти сè опростуваш, помогни ни и нам да бидеме готови да простиме и да се смириме. Отстрани ги со Твојата силна дес­ница причините на неразбирањето и кавгите и всади го во нашите срца духот на кротоста и љубовта, за да бидеме чеда на семејство од Тебе благословено и да напредуваме во секакво добро за Твоја прослава, на Отецот, и Синот, и Светиот Дух. Амин.   
МОЛИТВА ЗА ХРИСТИЈАНСКО СМИРЕНИЕ
Господи, Господи, сило на моето спасение! Сврти си го лицето од моите гревови, избриши ги моите беззаконија и помогни ми да се засили мојата вера во Тебе, Спасителот наш. Мојата љубов кон Тебе да ги надвиши сите природни сили и секаква земна привр­зност. Верувам, Господи, помогни му на моето неверие, пројавено во мисли, зборови и дела. Разврзи го мојот ум од врските на овој свет, за да мисли според законите на Твојот божествен разум. Ослободи го моето срце од товарот што лежи на негоиго притиска кон земното. Дајѝ крила на волјата моја, за да ја бара и извршува Твојата света волја. Води ги моите стапки конверата и љубовта, зашто несигурно одам и многу пречки има по патиштата на мојотживот. Ти си патот на спасението. НекаТвојата вечна светлина ја осветлува мојата душа, та да може во сите случаи на сомне­вање, колебливост, нерешителност, земенстрав или човечка суетност да Те наоѓа Тебе – Патот на вистинскиот живот. Чувај ме од секакво телесно мудрување, што е непри­јателство против Тебе, против Твојатавис­тина и волја. Не дозволувај да ме завладее мислата на земното. Ти знаеш што енужно за мојот земен живот. Не лишувај ме од тоа, туку помогни ми да го придобијам преку благословениот од Тебе труд. Закрилувај ме од лукавото мудрување на телото, кое го смета земното богатство за најголема вред­ност. Дај ми очи да го гледам живот, а не во лажна светлина и секогаш да паметам дека пред сè друго треба да го барамТвоето цар­ство и Твојата правда и дека сè друго ќе ми биде дадено. Господи, Твојата милост е до небесата, Твојата вистина – дооблаците, Твојата правда е како планините, а Твоите планови – голема бездна. Помогни ми да успе­вам во духовниот живот, душата моја секогаш да Те прославу ва Тебе, Господи на моето спасение. Амин.  
Господи, Ти ги гледаш слабостите на моето срце, Ти знаеш колку често се предавам на ѓаволски искушенија и се ис­полнувам со гордост и надуеност. Мислам за себе повеќе отколку што е потребно, се гор­деам пред моите блиски и чекам да ме почитуваат повеќе отколку што заслужувам, а тоа го правам од самољубие. Со мисли, зборови и дела не ја барам Твојата слава, туку своето прославување пред луѓето, за­тоа, Господи на моето смирение, мојата душа е пуста и моето срце не наоѓа утеха. Ме гризе гордоста на себељубието, не ми дава спокој, ме унижува пред мене самиот, ми ги ра­сипува односите со блиските, ме води кон кавги, неразбирање и ми го расипува живо­тот. Како можам да зстанам пред Тебе или да направам нешто достојно за Твоето величие кога сум оптоварен со мисли и чувства спротивни на Тебе, Господи Велики, Ти ни даде пример на смирение и нè поучи да бидеме смирени по срце. Ти се понижи, прими образ на човек, за да го спасиш човекот. Твојот земен живот беше подвиг на смирение. Ти им ги изми нозете на Твоите ученици; Ти им послужи на сите и го даде својот животза спасение на човекот. Со смирение ги претрпе страданијата и крстот. Ни даде пример и поука за смирение: Поучете се одМене, зашто сум кроток и смирен и ќе најдете спокој на вашите души. Не сум достоен да Ти се обрнувам, Господи, не сум достоен да го носам Твоето свето име, ниту да ги подигам моите очи кон Тебе и да го споменувам Твојот свет знак. Мојата гордост и моето самољубие го оддалечуваат мојот дух од Тебе. Владико Човекољупче, смилувај се над мојата нераскајана душа, ослободи ме од смрдливата гордост, од огнот на надменоста, од црвецот на ’рѓата, од самољубието. Да најде мир мојата душа во согласност со Твој­от совршен и божествен дух. Дај ми сила да го победам овој спротивен дух што ме напаѓа и ме измачува, кој ме гони да се гордеам, за да заслужам осуда со него. Поведи ме кон смирение, смирението ќе ме утврди во љубовта кон Тебе, а љубовта ќе ја оправда мојата вера и верата ќе ме спаси. Во Твоето вечно царство направи ме учесник преку смирение. Издигни ме од слабости на сегашната духовна состојба, та сè што имам и сè што ќе имам – добра, чест,знаење, име, положба и сè друго во овој свет – да има вредност пред Тебе, Оценувачот на вистин­ското добро, и да ми послужи за изградување на Твоето царство во човечките души. Ако ми ја дадеш оваа голема милост, Учителу благ, чувај ме од погубно влијание за духовно предимство пред дру­гите, надари ме со смирението на митникот. Боже, биди милостив кон мене грешниот. Амин. 
МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
Блага Мајко на преблагиот Цар, Пречиста и Благословена Богородице Маријо, излиј ја врз мојата страдална душа милоста на Твојот Син и наш Бог. Со Твоите молитви води ме кон добри дела, за останатото време од мојот живот да го поминам без грев и преку Тебе, Богородице Дево, единственачиста и благословена, да го најдам рајот. 
Откако се избавивме од беди, ние, Твоите слуги, Ти пееме победни песни на Тебе, Богородице. Ти имаш непобедлива сила, из­бави нè од секакви опасности, та велегласно да Ти пееме: Радувај се, Невесто не­невесна! Преславна вечна Дево, Мајко на Христа Бога, принеси ја нашата молитва на Твојот Син и Бог наш, за да ги спаси преку Тебенашите души. Сета надеж ја полагаме на Тебе, Мајко Божја, земи нè под Твоја закрила. Богородице Дево, не отфрлај ме мене грешниот, ја барам Твојата помош и Твојата закрила. На Тебе се надева мојата душа, по­милуј ме. Мојата надеж е Отецот, мое засолниште – Синот, а покрив ми е Светиот Дух. Света Троице, слава Ти. Огради ме, Господи, со силата на чесниот и животворен Крст варди ме од секакво зло. 
МОЛИТВА КОН ГОСПОДА ИСУСА
Што да Ти принесам и како да Ти благода­рам, штедар Дарителу, Цару бесмртен и човекољубив Господè Јас сум мрзлив да ја извршам Твојата волја; ништо добро не сум направил, а Ти ме доведе до крајот на денешниов ден, промислувајќи за обраќањето и спасението на мојата душа. Биди милостив кон мене грешниот и, макар што сум лишен од секакво добро, издигни ја мојата падната душа, осквернавена од безбројни согрешенија. Изгони од мене секаква лукава мисла за земен живот, прости ми ги, единствен безгрешен Боже, согрешенијата што ги направив денес, свесно или несвесно, со зборови, дела, помисли и со сите мои чувства. Закрилувај ме и варди ме од секаков непријателски напад со Твојата божествена сила и со неискажливото човекољубие. Очисти ме, Боже, очисти ме од многу­бројните гревови. Благоволи, Господи, да ме избавиш од мрежата на лукавиот, спаси ја мојата страдна душа кога ќе дојдеш во слава, осени ме со светлината на Твоето лице. Сега дај ми да заспијам неосудено и без мечтателен занес, зачувај ја незаблудена мислата на Твојот слуга, изгони го од мене секое сатанско дејство, просвети ги разум­ните очи на моето срце, за да не заспијам во смртен сон. Испрати ми го ангелот на мирот, пазителот и учителот на мојата душа и на моето тело да ме избави од непријателите, да станам од постела и да Ти принесам благо­дарствени молитви. Откако ќе станам од сон, дај ми да се поучувам од Твоето слово и преку Твоите ангели прогонувај ја од мене малодушноста, која доаѓа од бесовите, та да го благословувам и прославувам Твоето свето име, да ја славам Пречистата Богоро­дица Марија, Која е застапница за нас грешниците. Послушај ја Неа, Таа се моли за нас, знам дека е човекољубива како и Ти и не престанува да се моли за нас. Со нејзина помош, со знакот на чесниот Крст и поради молитвите на сите Твои светии, сочувај ја мојата бедна душа, Исусе Христе, Боже наш, зашто си свет и прославуван во вечни векови. Амин. 
МОЛИТВИ КОН ПРЕСВЕТИОТ ДУХ
1
Господи, небесен Царе, Дух на вистината, смилувај се на мене и помилуј ме мене грешниот Твој слуга, прости ми, мене недостој­ниот, сè што сум Ти згрешил денес како човек, дури и полошо од човек – како животно. Прости ми ги моите волни и неволни, свесни и несвесни гревови што сум ги правел од младини и – од лоша навика, од бесчувственост и малодушност. Ако сум се колнел во името Твое, ако со мисла сум го похулил Твоето име, ако сум укорил или наклеветил и наскрбил некого, разгневил или за нешто сум се разлутил, ако сум изла­гал и ако сум спиел премногу, ако при мене дошол сиромав и сум го презрел, ако сум го нажалил братот, ако сум предизвикал кавга или ако некого сум осудил, ако сум се по­гордеал или разгневил, ако, за време на мо­литвата, мојот ум се свртел на лукави свет­ски мисли или сум мислел нешто развратно, ако сум се прејал, или сум се опил, или безу­мно сум се смеел, или сум помислил нешто лукаво, ако сум зборувал неприлични зборови, или сум се потсмевал на гревот на мојот брат, иако моите согрешенија се безбројни, ако не сум ја сакал молитвата или сум направил нешто лошо, за кое не можам да се сетам – а ете, сето тоа и дури нешто повеќе сум направил, Ти се молам, помилуј ме, Создателу и Владико мој, разреши ме, ослободи ме и прости ми како Благ и Човекољубив, та со мир да легнам, да заспи­јам и да се успокојам јас блудниот, грешниот и нераскајаниот да Ти се поклонам, да го воспевам и прославам Твоето пречисто име заедно со името на Отецот и Единородниот Син Негов, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.
2
Душе Свет, живеј во мене. Не сакам ништо друго, освен да бидам со Тебе и спрема Тебе да живеам. Сакам да се дарувам, да се от­ворам и да бидам како на дланка пред Тебе. Делувај во мене така, да ми бидеш мој живот, биди околу мене, да ми бидеш мој свет. Оп­фатиме за да си бидам на себе си неважен и само Ти да останеш.
3
Дојди, Свети Душе! Создавај го и понатака светот. И нашето срце е свет на кого му треба Твојата создателска моќ; одново создавај го тоа што еднаш си го направил. Составувај го тоа што се распаѓа, буди го тоа што е не­плодно, подмладувај го старото. Дај ни очи да го гледаме светлото, создаденото и не­создаденото. Дај ни сила да донесеме род и да се радуваме со телото и со душата. Омекнувај ги камените особини. Се здрву­ваме од страв, оживи нè. На очајните дај им сила, на нејаките јачина, на должниците опростување, вера на оние кои ја бараат. На немите дај им зборови; зборови на љубовта на оние коишто љубат, збор на благодарноста на благодарните, збор вистинит на тие што ја бараат вистината. Зборна доверба на недоверните, збор на пофалба на тие што не знаат како да Те прославуваат, Боже мој. Оживувај ги мртвите; немоќните да се по­дигнат, паднатите да се исправат, куците да проодат, загубените да го најдат патот којшто Ти го покажуваш. Дај им да ја видат целта, тие коишто не ја наоѓаат смислата. Дојди Свети Душе. 
ВОВЕДНА МОЛИТВА
Помилуј нè, Господи, помилуј нè. Не наоѓаме никакво оправдување ние грешните, но како на Владика Ти ја принесуваме оваа молитва: Помилуј нè. Слава Ти, Боже наш, слава Ти! Господи, помилуј нè, на Тебе се надеваме. Не гневи се многу на нас и не спомнувај ги нашите беззаконија, туку и сега милостиво погледни и избави нè од нашите непри­јатели, зашто Ти си нашиот Бог, а ние сме Твои луѓе. Сите сме дело на Твоите раце и кон Тебе се обрнуваме, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.
Благословена Богородице отвори ни ги вратите на милосрдието, за да нè пропаднеме ние коишто се надеваме на Тебе, но со Тебе да се избавиме преку тебе од беди, зашто Ти си спасение на родот христијански. 
СЕКОЈДНЕВНА МОЛИТВА
Господи, Исусе Христе, Сине Божји, не допуштај суетата, самољубието, сетивноста, неработата, гневот да господарат со мене и да ме оттргнуваат од Твојата љубов. О, мој Господи, Создателу мој, не оставај ме без удел во блажената вечност! Направи да го следамТвојот свет пример и да бидам поко­рен на властите поставени над мене. Дарувај ми ја онаа чистота на духот, онаа едностав­ност на срцето коишто нè прават достојни на Твојата љубов! Кон Тебе, о мој Боже, ја вознесувам мојата душа и срце, не допуштај да пропадне Твоето создание, туку избави ме од единственото и најго­лемото зло – гревот! Направи, Господи, со такво трпение да ги поднесувам душевните немири и жалости, со каква што радост ги примам задоволствата на срцето. Ако сакаш, Господи, Ти можеш да ме очистиш и ос­ветиш. Се предавам на Твојата доброта и Те молам да истераш од мене сè противно и да ме приклучиш на мноштвото Твои избраници. Господи, земи ја од мене празнотијата на духот, што го убива времето, суетата на мислите, која се меша во Твоето присуство и го расплинува вниманието при мојата молитва. Ако се оддалечам од Тебе со своите помисли, помогни ми мојата растре­сеност да не биде самоволна и одвраќајќи го умот, да не го одвраќам и срцето. Ти ги ис­поведувам Тебе, на својот Бог, сите гревови на моето беззаконие, сега и порано кон Тебе направени. Прости ми ги поради Твоето свето име и спаси ја мојата душа што си ја откупил со Твојата драгоцена Крв. Се врачувам себе си на Твоето милосрдие, се предавам на Твојата волја, постапувај со мене спрема Својата добрина, а не спрема мојата злоба и беззаконие. Научи ме, Го­споди, да управувам со своите дела така што тие да помагаат во прославувањето на Твоето свето име. Смилувај се, Господи, на сите христијани, услиши ги желбите на сите коишто викаат кон Тебе, избави ги од секое зло, спаси ги своите слуги (ими­њата), испрати им радост, утеха во невол­јите и Својата света милост! Господи, Ти се молам особено за оние коишто на било кој начин ме увредиле, ожлостиле или ми скривиле, или ми направиле било какво лошо: не казнувај ги поради мене грешниот, туку излиј ја врз нив Својата благост! Го­споди, Ти се молам за сите оние коишто, јас грешниот, сум ги ожалостил, увредил или соблазнал, со збор, дело, помисла свесно или несвесно. Господи Боже, отпушти ни ги нашите гревови и нашите взаемни нажалостувања! Истерај, Господи, од нашите срца, секое негодување, гнев, злопамтење, кавга и сè она што може да пречи на љубовта и да го намали братољубието. Помилуј ги, Господи, тие коишто ме замолиле да се мо­лам за нив, јас грешниот и недостојниот. По­милуј го, Господи, секого којшто ја бара Твојата помош! Господи, направи го овој ден ден на Твоето милосрдие, дај му на секого спрема неговата молба, биди Пастир на за­блудените, Водач и Светлост на неверните, Учител на нерасудните, Татко на сиро­машните, Помошник на угнетените, Лекар на болните, Утешител на тие коишто умираат, и сите нас приведи нè до саканиот крај, при Тебе, пристаништето наше и блаженото упокоение. Амин. 
MОЛИТВА ПРЕД И ПО УЧЕЊЕ
Преблаг Господи, испрати ја благодатта на Твојот Свет Дух што ги просветува и окре­пуванашите душевни сили: да внимаваме што ни се предава, та да бидеме радост на нашите родители, да бидеме од полза на нашата Татковина и на Светата Црква. Амин.
Ти благодариме, Создателу, што нè удос тои со Твојата милост да можеме внимателно да ја слушаме науката што ни се предава. Спаси ги и помилуј ги нашите старешини, родители и учители, кои нè водат кон позна­вање на вистината, а нам дарувај ни сила да можеме да го продолжиме полезнотоучење. 
МОЛИТВА ПРЕД И ПО ВЕЧЕРАТА
Ќе јадат сиромасите и ќе се наситат, и ќе го прослават Господа оние што го бараат, нивните срца ќе живеат во вечни векови. Амин.  
Господи, Ти нè развесели со Твоите созданија; се радуваме на делата од Твоите раце. Господи, се покажа светлината на Твоето лице и на нас; Ти го развесели моето срце повеќе отколку што ќе се развеселеше од пченица, вино и елеј. Во мир ќе заспијам и ќе се успокојам, зашто Ти си со мене, Го­споди, моја единствена надеж. 
МОЛИТВА ПРЕД И ПО РУЧЕКОТ
Господи Исусе Христе, Боже наш, бла­гослови ни го јадењето и пиењето нам, на Твоите чеда и умножи го во овој дом по мо­литвите на Твојата Пречиста Мајка и на сите Твои светии. Амин.  
Ти благодариме, Христе, Боже наш, што нè насити со Твоите земни блага. Не лишувај нè од Твоето небеско царство, но како што си дошол меѓу Твоите ученици, давајќи им го Твојот мир, така дојди и кај нас и спаси нè. 
МОЛИТВА ПРЕД ПОЧЕТОКОТ И ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА СЕКОЈА РАБОТА
Господи Исусе Христе, Сине Единороден на беспочетниот Твој Отец, Ти си рекол со Твојата пречиста уста: Без Мене не можете да правите ништо. Господи мој, со вера го примам ова што си го рекол. Ти се молам, помогни ми започнатото дело успешно да го завршам, во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух. Амин. 
 Христе мој, Ти си исполнување на сите мои желби, исполни ја со радост и веселба мојата душа и спаси ме, зашто си многу­милостив. 
МОЛИТВА КОН АНГЕЛОТ ЧУВАР
Ангелу свет, ти ја просветуваш мојата несреќна душа, ти се молам, не отстапувај од мене поради мојата невоздржливост. Не доз­волувај му на лукавиот демон да владее над мене. Закрепи ја мојата слаба рака и упатувај ја кон спасение. О, свети ангелу Божји, чувару и покровителу на мојата несреќна душа и на моето грешно тело, прости ми сè со што сум те нажалил во сите денови на мо­јот живот. Ако сум згрешил во изминатата ноќ, закрилувај ме во денешниов ден и запа­зувај ме од секакво ѓаволско искушение, та со никаков грев да не Го разгневам Бога. Моли се за мене на Господа да ме утврди во страв пред Него и да ме направи достоен слуга на Својата благост. Амин.